Стартуваат два нови инвестициски фондови

Bez autora
Mar 17 2011

Нови алтернативи за инвестирање на македонскиот пазар од идната недела најавува КБ публикум инвест од Скопје. Според Горан Марковски, главен извршен директор на КБ публикум инвест, се работи за основање на два нови типови фондови: парични и обврзнички. Основна цел на паричниот фонд е да функционира како инструмент што ќе се користи секогаш кога граѓанинот или правните лица имаат вишок на средства и кој што реално не им е потребен за период не е пократок од три дена. Вишоците на средства секогаш можат да ги пласираат во овој фонд и да заработат многу повеќе од она што го добиваат во деловните банки. Овој тип фонд претставува хибриден депозит по видување, бидејќи во секој момент граѓаните парите можат да ги повлечат и да заработат многу повеќе.

Стартуваат два нови инвестициски фондовиНови алтернативи за инвестирање на македонскиот пазар од идната недела најавува КБ публикум инвест од Скопје.

Според Горан Марковски, главен извршен директор на КБ публикум инвест, се работи за основање на два нови типови фондови: парични и обврзнички. Основна цел на паричниот фонд е да функционира како инструмент што ќе се користи секогаш кога граѓанинот или правните лица имаат вишок на средства и кој што реално не им е потребен за период не е пократок од три дена.

- Вишоците на средства секогаш можат да ги пласираат во овој фонд и да заработат многу повеќе од она што го добиваат во деловните банки. Овој тип фонд претставува хибриден депозит по видување, бидејќи во секој момент граѓаните парите можат да ги повлечат и да заработат многу повеќе - укажува Марковски и додава дека обврзничкиот фонд е наменет како алтернатива за класичното девизно штедење.

Предности на овој вид на штедење, за разлика од деловните банки, инвестирањето и повлекувањето е отворено во секој момент, а во меѓувреме целокупниот прилив што им следува е изразен преку цената на уделот во овој инвестициски фонд.

Од КБ публикум инвест уверуваат дека се работи за сигурен тип вложување, а тоа ќе биде номинирано пред се во странски валути, односно ќе доминираат вложувањата во државни обврзници и корпоративни обврзници номинирани во евра со што ќе има заштита и на валутниот ризик. Со тоа фирмите и граѓаните добиваат можност од една страна да инвестираат во странство, иако со посточкото законско решение тоа не е дозволено, а од друга страна ефикасно се заштитува од валутните ризици.

Ова друштво кое што е формирано од Комерцијална банка Скопје и Публикум холдинг д.о.о. Љубљана, постои повеќе од две години и во земјава е присутно со еден инфестициски фонд КБ публикум балансиран.

- На почетокот на идната недела стартуваат и новите два парични обврзнички фондови, коишто се нискоризични. Во моментов македонскиот пазар бара поконзервативен тип инвестиции, а она што го имаме како обем на средства во постоечките фондови кои од аспект на ризик се во групата на поризични инвестиции од фондовите коишто ќе почнат со работа идната недела - објаснува Марковски.

Севкупно, од 2007 година досега се ангажирани три милини евра што е многу малку и далеку од искуствата на регионалните економии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik